ВМРО-ДПМНЕ изразува згрозување од дрскоста и безобразлукот на Љупчо Зиков кој е именуван функционер од Владата на Ковачевски, се вели во соопштението од партијата.
Ов ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Зиков ја навредил јавноста и сите кои бараа одговори од него за енормната висина на плата која ја добива од државното МЕПСО.
После недоличните и крајно безобразни навреди на Љупчо Зиков кој е на функција во МЕПСО со примања од 80 илјади денари добиени од граѓаните очекуваме Ковачевски експресно да го разреши.
Во спротивно однесувањето на Зиков и навредите ги сметаме за нарачка од Димитар Ковачевски, се вели во соопштението.