Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега народот е сплотен цврсто и бара силно национално единство зад националните и државните интереси.
„Власта е таа која што го игнорира својот народ, го понижува и се обидува да го раздели. Насилните обиди на власта да направи уставни измени удираат во ѕид. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени под бугарски диктат кои немаат врска со Копенхашките критериуми и се газење на достоинството на својот народ“, велат од партијата.
Според нив, Македонија бара фер шанса како и сите останати земји кои пристапувале кон ЕУ, а не преговори обременети со историски наративи и притисоци.
„Македонија бара институционални европски гаранции дека европскиот пат ќе биде предвидлив, а не подвижна цел која постојано ќе ни бега заради апсурдни ретроградни барања на Бугарија. Оваа власт за жал ниту кога преговараше, ниту кога прифаќаше не изгради национален и државен консензус. Сега сака тоа да го наметне како свршен чин кој Македонија треба да го прифати. Оваа власт пропушти толку многу подадени раце од ВМРО-ДПМНЕ. Пропушти толку шанси да избори подобри позиции за Македонија. Сега преостанува само што побрзо да го стават ова прашање на пленарна седница и да се соочат со реалноста дека немаат ниту мнозинство. После тоа следен логичен чекор ќе бидат избори“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ,