Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Од кога долг кон компанија е кривично дело?

1707051574 Unnamed File.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДС наместо да биде конструктивна опозиција, таа реши да служи на енергетската мафија во државата.

Денешната прес конференција на СДС е последица на хаотична загриженост поради најавената смена на раководствата на МЕПСО и ЕСМ и ревизијата на нивната работа.

Не е проблемот Сања Божиновска туку фактот што СДС и ДУИ 7 години полнеа џебови од криминалот во МЕПСО и ЕСМ.

Денешните прес конференции се лицемерни, најмалку поради два аспекти.

Првиот, кога тоа долг на компанија е кривично дело?

Второ, СДС имаше 7 години апсолутна власт со ДУИ. Ако имало криминал тогаш што правела СДС?

Јасно е дека СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа тие се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат.

Во отсуство на идеи, обременети со внатрешни проблеми и расколи, СДС која имаше 7 години власт не успеа да докаже ништо, и сега со маалски прес конференции, редовно во прашална форма се трудат да привлечат внимание.

Кога веќе сме на темата ајде да збориме за тендерите за увоз на јаглен, за ископ, за тендерите на струја.

Зарем толку СДС е погодена што овие денови внучето на Али заработи кривична пријава.

Можете да прочитате

Моника Зајкова ја напушта коалицијата со СДСМ – нејасно дали ќе се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ?

Орце Ѓорѓиевски: ЗЕЛС останува партнер на сите општини

Зошто Ердоган ја избегнува Македонија? Турскиот претседател двапати на Балканот, но не и во Скопје