Утрински Весник
Македонија

Уапсен гостиварец баран со потерница за издржување казна затвор

1707216064 1.webp.webp

На 27.07.2024 во 12.30 часот во гостиварска Горна Бањица, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.М.(46) од Горна Бањица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени патни исправи, лични карти и други документи на повеќе лица за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Исто така, Б.М. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Метеж на Табановце, се чека по 40 минути

(Фото) Свечено отворено 65. издание на Охридско лето

Убиецот оставил порака на фејсбук меѓу убиените 11 годишно дете