Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме обвинителството темелно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

Vmro Dpmne 1.jpg

Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение за јавноста.

– Филипче ја составил, потпишал и одобрил техничката спецификација, но доколку постапувал согласно закон и доколку не го интересирале провизии, трагедијата можела да биде спречена. Модуларната болница во Тетово била изградена без исполнување на минимум стандарди. Наместо овие објекти да служеле за безбедност на граѓаните, истите не биле во согласност со пропишаните стандарди за изградба на објекти од областа на здравството, велат од партијата и прашуваат:

Зошто законите не се почитувале и се импровизирало при нивното спроведување?

Зошто не биле доследно применети Законот за градење и Законот за здравствена дејност?

Зошто профитот бил ставен пред јавното добро?

– Филипче и СДС наместо безбедноста на граѓаните ги интересирале провизии, анекси и тендери. Во време на Филипче се вршеле набавки на вакцини од фирма која продава манго и ананас. Дополнително, се делеле физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија. Пожарот во модуларната болница во Тетово исто така се случил поради низа пропусти при изградбата на објектот. Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово, завршуваат од партијата.

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус