Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема ден без порази и неуспеси, УКИМ на 1990 место на светското рангирање на универзитети, 26 места полошо од лани

Собранието и Синдикатот на УКИМ потпишаа колективен договор, значително ќе се зголемат платите

Најдобриот македонски универзитет, УКИМ, бележи пад од 26 места на листата на Центарот за рангирање на светските универзитети во споредба со лани, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите.

dobivaj vesti na viber

„Од 1964 место сега дошол до 1990 место и е далеку зад универзитетите во регионот. Универзитетите во Крагуевац, Нови Сад, Ријека според рангирањето се далеку подобри од македонскиот најдобар универзитет.

Ова само покажува дека во Македонија се случува сериозен пад на квалитетот на високото образование со оваа власт на СДС и ДУИ. Нема инвестиции во науката, нема инвестиции во образованието, нема инвестиции во човечкиот капитал и кадарот на универзитетите.

Ковачевски треба да се срами од овој поразителен податок, дотолку повеќе што се преставува како професор. Штом не неправил ништо за образовниот сектор од кој доаѓа, значи дека и од таа област нема врска.Се случува целосен распад на системот. Се е пуштено во удолница со оваа власт. Единствено што ги интересира властодршците од СДС и ДУИ е како да наместат тендер, како да украдат, како да се збогатат на сметка на граѓаните и на државата. Ќе одгововараат за урнисувањето на образованието како и за сите други сектори во државата“,се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје