Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нека им каже некој во СДС на тие што даваат изјави дека Владата е одговорна за загадениот воздух во Скопје

Нека им каже некој во СДС на тие што даваат изјави, дека Ковачевски е во коалиција со Арсовска и Левица, владата е одговорна за загадениот воздух, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата обвинуваат дека проблемот со приватните превозници во Скопје е резултат на криминогеноста на Ковачевски и Арсовска.

„ Доколку директорот на ЈСП кадар на СДС и Арсовска наместо договор за купување на гориво по цени како од бензинска обезбедеа рабат на тие цени како што е пракса, ќе се заштедеа 1.5 милиони евра, пари сосема доволни да се исплатат приватните превозници.

Доколку Арсовска и ЈСП ги исплатеа превозниците немаше да има проблем со превозот. Во поглед на инвестициите за намалување на загадувањето, Арсовска и Ковачевски се во тесна трка кој помалку може да направи, а на крај и двајцата не прават ништо“ се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ нема ниту еден значаен проект за намалување на загадувањето на воздухот изминатите седум години, колку што ја има централната власт.

„ 20 милијарди евра потрошија низ буџетите изминативе години, и ниту еден проект за намалување на загадувањето на воздухот не реализираа. Скопје се гуши заради неодговорноста и криминогеноста на СДС и Арсовска. На тајните средби на Ковачевски и Арсовска наместо да договараат тендери и профити, нека договорат мерки за почист воздух“ додаваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова