Утрински Весник
Скопје

ВИДЕО Принова во ЗОО Скопје: На свет дојде ново бебе пингвин од загрозениот вид Хамболт

Zooloshka Skopje.jpg

По 42 дена трпеливо чекање, во ЗОО Скопје дојде ново бебе пингвин од загрозениот вид Хамболт пингвини.

Горди родители, како што велат, повторно се Лила и Џонатан, објави 4news.mk


„И овојпат, таткото Џонатан ја презеде главната улога, внимателно го инкубираше јајцето и постојано го штитеше гнездото, додека Лила повеќе време поминуваше во базен. Оваа поделба на грижа е природна за видот и е клучна за успешно изведување на младенчињата“, велат од ЗОО Скопје.

Хамболт пингвините се загрозен вид во дивината, па секое успешно изведено младенче има големо конзервациско значење.

Со континуирани успеси во размножувањето, ЗОО Скопје се издвојува како најуспешна зоолошка градина во регионот во одгледувањето на овој редок вид кој потекнува од Аргентина и Чиле.

Можете да прочитате

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Трговскиот центар во Лисиче добива целосно нов изглед

Без струја денеска дел од Гази Баба, а без вода дел од улицата Мајаковска и од булеварот Партизански Одреди