Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Наредните две години ќе бидат потребни над 2.5 милијарди евра само за справување со енергетската криза

За наредните две години ќе бидат потребни над 2.5 милијарди евра само за справување со енергетската криза заради неспособната антимакедонска влада предводена од СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека криминалот и тендерите во 4 очи изминативе 5 години во енергетскиот систем од антимакедонската СДСМ ја доведоа државата во целосен колапс. Бидејќи не ги послушаа апелите од бизнис секторот, но и од ВМРО-ДПМНЕ, владата на СДС ќе треба да издвојат над 500 милиони евра за граѓаните и бизнис секторот ја преживеат само оваа зима. Не како што тврди Ковачевски и неспособните министри од неговата влада 300 милиони, туку минимум 500 милиони евра за да ја поминеме оваа година.

Доколку владата навремено набавеа или ископаа јаглен, РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино ќе можеа да работат во полн капацитет и до покачување на цената пред 2 месеца немаше да дојде. Но оваа влада е најнеспособната во историјата на државата.

Но оваа енергетска криза за многу брзо ќе прерасне и во економска криза, па затоа наредните 2 години за справување со последиците ќе бидат потребни над 2.5 милијарди евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за скопјани да ја поминат оваа зима со затоплување ќе бидат потребни над 250 милиони евра за набавка на гас или мазут, бидејќи сеуште нема набавено гас за грејната сезона.

До крајот на оваа година државата треба да исплати државна обврзница од 450 милиони евра, а буџетскиот дефицитит оваа година владата ќе го заокружи на 350 милиони евра. А ниту глас, ниту траг од долгонајавуваниот заем од ММФ од 900 милиони евра за државата со повластена каматна стапка.

Целосен крах во справувањето со енергетската криза, а пари во Буџетот нема.

Според ВРМРО-ДПМНЕ, антимакедонската СДС абер нема од мерки кон стопанството за да можат да ја преживеат оваа година. Заради високата цена на електричната енергија веќе клуч на врата стави рудникот во Радовиш, а најава за истото има и од рудниците во Пробиштип, Македонска Каменица и Крива Паланка.

Граѓаните од ден на ден се се посиромашни, инфлацијата расте, а луѓе остануваат без работа, бидејќи секој ден се затвараат фабрики и компании.

За спас од оваа енергетска, но и економска криза е час поскоро антимакедонска СДС да замине од власт. За тоа се потребни брзи предвремени парламентарни избори, бидејќи секој ден се повеќе и повеќе тоне економијата, но и државата, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: И покрај пречките од централната власт, нема да дозволиме затворање на училиштата

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се против ЕУ и сите стратешки одлуки на земјата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема за леб, а владата набавува октоподи