Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемиот успех на СДСМ и ДУИ на патот кон членство во ЕУ е сликање селфи во авион

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Наместо да обвинуваат и критикуваат, СДС треба да се погледне во огледало и да размисли дали политиките кои ги водеа изминатите 7 години вродија со плод?

Одговорот е НЕ.

Најголемиот успех на криминалната коалиција СДС-ДУИ на патот кон членство во ЕУ е сликање селфи во авион. Освен дистанцирање од ЕУ и водење погубни политики врз грбот на граѓаните, ништо друго не направија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да тргува со идентитетот и образот на македонските граѓани. Граѓаните ни дадоа поддршка на изборите и ќе работиме во нивен интерес да почнеме преговори со ЕУ.

Можете да прочитате

Полицаец пукал во кафеана од службениот пиштол

Малолетник со мопед удрил пешак во Скопје

Охриѓанец со пиштол му се заканувал на скопјанец поради паркинг место