Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наќе Георгиев, човекот на Заев во судството, призна поткуп, правдата доаѓа, одговорност ќе има за сите

Vmro Dpmne.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Наќе Георгиев човекот на Заев во судството призна поткуп, правдата доаѓа, одговорност ќе има за сите.

Наќе Георгиев призна дека земал 10.000 евра за да ја ублажи затворската казна на Боро Марлборо од СДС кој беше жив фатен како шверцува цигари.

Наќе Георгиев е олицетворение на Заев и Филипче во судството. Во време на СДС тој експресно напредува од обичен судија до судија во Врховен суд и член на Судскиот совет.

Покрај Наќе Георгиев вина признал и Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. И тој како Георгиев кажал дека земале поткуп за да ја ублажат казната за Боро Марлборо.

Наќе Георгиев е пример за штетата која ја нанесе СДС врз судството. Заради Наќе Георгиев и кадрите кои тој ги поставувал народот има 2% доверба во судството. Доаѓа одговорност.

Можете да прочитате

Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата

Дали ПР службата на Владата одбила да одговори на „Тајмс“ за мигрантите?

СДСМ: По Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија