Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Стефан Богоев ја следел добро познатата матрица на својот политички ментор Зоран Заев. Додека СДС зборува за правда, транспарентност и чесност, на површина повторно излегуваат скандали, сомнежи за корупција, влијанија и договарање тендери зад затворени врати.


Богоев, поранешен директор на Царинската управа и висок функционер на СДС, е осомничен за местење тендер вреден над 300 илјади евра, при што според информациите кои излегоа во јавноста се товари и за примање награда за противзаконито влијание во вредност од околу 2.000 евра.

Очигледно е дека Богоев решил да ја следи матрицата на делување на својот политички ментор Зоран Заев кој бараше евро за Вицето.

Според јавно достапните информации, Богоев и Александар Спирковски – Џемо договарале која фирма ќе го добие тендерот за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали. А со тоа директно овозможиле правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари.

Дополнително покрај сомнежите за влијание врз тендерската постапка, Богоев се товари и дека за својата улога побарал и добил лична корист. Наместо да работи во интерес на институциите и граѓаните, Богоев работел за сопствен ќар.

Фактот што за Богоев е побарана мерка притвор говори дека надлежните органи располагаат со сериозни индиции и докази за неговото постапување.

Богоев е огледало на СДС, партија чии функционери премногу често се поврзуваат со тендери, афери, рекети и сомнежи за корупција.

Граѓаните имаат право да знаат кој и како управувал со институциите и како се трошеле народните пари. Затоа истрагата треба да биде целосна, темелна и без политички калкулации, а сите инволвирани да понесат одговорност согласно законите.

Времето кога функционери блиски до СДС мислеа дека се недопирливи мора да остане во минатото. Одговорност мора да има за секого.

Можете да прочитате

Левица: Во израелската агресија врз Либан гинат мировници на ОН – молкот на македонската Влада е соучесништво

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија она што го кажавме, сите лаги на Мицкоски се разобличени

Љутков: Наследивме колабиран културен систем и институции без пари за плати