Утрински Весник
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Мицкоски ја фрли ракавицата кон СДС, останува да се види дали СДС ќе ја надмине политиката на водење на Македонија од ден за ден

Vmro Dpmne 1.jpg
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО ДПМНЕ:

Од кога почнав да се занимавам со политика тврдам – На македонското прашање му е потребна енергија. И сметам дека денес дојде денот да отпочнеме еден сериозен проект, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски на вчерашното одбележување на 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба.

Станува збор за проект кој Владата ќе се обиде да го договори со МАНУ и со универзитетската заедница. Идејата е проектот да биде  сеопфатен и преточен во стратегија на државата до 2050 година. Целта на овој проект е да се дефинираат приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели, и како да се стигне до нив, земјоделски, технолошки развој, енергетски и транспортен развој.

Ракавицата од Мицкоски е фрлена кон СДС.

Мицкоски потенцираше дека „мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат, ние мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој на државата” и додаде „потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија, на државата тоа и недостасуваше со години”.

СДС сега треба да се надмине да заборави на приоритетите на поединци, на партиските приоритети и да подаде рака за развој на државата по сите погубни политики кои ги водеа во последните седум години.

СДС мора да ја надмине кратковидоста и да прифати државна стратегија бидејќи само така Македонија ќе може да оди напред. 

Мицкоски заклучи „на граѓаните им е потребна им е стратегија и преку глава им е од водење на државата ден за ден”.

Станува СДС да покаже што и е поважно лични и партиски интереси или Македонија!

Можете да прочитате

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!

Тешка телесна повреда при семејно насилство во Петровец