Утрински Весник
Балкан

Грција уште два дена без бродски сообраќај – продолжен за уште 48 часа штрајкот на поморската федерација

20241024085415 Big 730x400 85.webp.webp

Дводневниот штрајк на грчката поморска федерација што започна во вторникот, продолжен е за уште 48 часа, со што бродовите и траектите во цела Грција и денеска и утре ќе останат закотвени на пристаништата, јави дописничката на МИА од Атина.

Раководството на федерацијата вчера одржа состанок и одлучи продолжување на штрајкот, а нивното главното барање е потпишување нови колективни договори за работа за 2025 година, зголемени за 12 отсто.

Штрајкот ќе трае до утре на полноќ, но отворена е можноста да биде дополнително продолжен.

Паралелно, од федерацијата бараат и средба со министерот за поморство и островска политика Христос Стилианидис.

Од Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција вчера организираа протест пред Министерството за поморство и симболично влегоа во објектот. 

Можете да прочитате

САД го ратификуваа договорот за заем од 302  милиони долари со Албанија

Во Црна Гора нема да се гради прифатен центар за мигранти од земјите на ЕУ

Хорор во Белград: Пронајдена мртва Русинка во куфер, уапсен турски државјанин