Утрински Весник
Магазин

„Благослов“: Наоми Кемпбел со ќеркатa

„Благослов“: Наоми Кемпбел со ќеркатa
300x250 (7)

Наоми Кемпбел се чувствува благословено што е мајка.

dobivaj vesti na viber

Откако објави дека станала мајка во мај 2021 година, славната манекенка многу ретко споделува  фотографии од нејзиното единствено дете.

Ss1

На фотографиите што ги објави на „Инстаграм“ минатиот викенд по повод Денот на мајката, може да се види како двете уживаат во патување, прошетки на отворено и гушкање.

Наоми многу ретко ја покажува својата ќерка на социјалните мрежи, а сега подели некои од нивните најубави моменти, и во описот на објавата напиша дека нејзината ќерка е благослов.

На почетокот на минатата година таа позираше со ќерката за британското издание на магазинот „Вог“. Во таа прилика проговори за зачнувањето дете и мајчинството.

„Моето девојче не е посвоено. Таа е мое дете. Можам да избројам на прстите од едната рака колку луѓе го знаеја тоа. Таа е мојот најголем благослов и најдоброто нешто што ми се случило“, изјави Наоми за „Вог“.

Имено, откако манекенката објави дека станала мајка, многумина беа изненадени. Претходно таа не навести дека чека бебе, ниту се знаеше дали е во врска.

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат