Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски живее во паралелна реалност, понудивме предлози, а тој уште не се изјаснил

СДСМ почнува со трибини: „Со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на партијата“

Ковачевски живее во паралелна реалност, уставни измени под бугарски диктат нема, ВМРО-ДПМНЕ понуди предлози, а тој уште не се изјаснил, велат од ВМРО-ДПМНЕ по денешната изјава на премиерот Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„Јасно е дека Ковачевски е збунет зошто се приближува времето кога ќе мора да ги стави уставните измени во Собрание на гласање и ќе се види дека нема 2/3, од тој момент натаму нема да може да манипулира.

На Ковачевски и сега му јасно дека нема 2/3, но купува време.

ВМРО-ДПМНЕ даде два предлози за надминување на кризата, од кои ниту еден не е прифатен до сега од Ковачевски.

1. Уставни измени со одложено дејство кога ќе станеме членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.

2. Избори на есен, а потоа опозицијата која ќе биде да го поддржи следниот концепт. Барање на гаранции од европските институции за македонскиот многувековен идентитет, барање финансиска помош од ЕК за македонската економија и граѓани, барање до Бугарија да исполни најмалку 3 пресуди на ЕСЧП поврзани со правата на Македонците во Бугарија, па тогаш гласање на уставни измени.

Ковачевски се што сака, е да изгласа уставни измени под бугарски диктат, без да има некаква гаранција за Македонија, нејзината европска иднина, но и за многувековниот идентитет на нашиот народ.

Ковачевски да не живее во паралелна реалност и нека каже кој предлог го прифаќа“, се вели во реакцијата.

Можете да прочитате

Малолетник од кичевско се самоповредил со воздушна пушка

Новиот закон за пушење во вторник на владина седница

Тешка сообраќајна несреќа го блокираше патот Стража – Кичево, судир меѓу три автомобили и камион