Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски дезертирал со тапија за трајно неспособен – затоа оставка!

Дезертерот Ковачевски го избегнал служењето на воениот рок правдајќи се дека е трајно неспособен. Додека децата, татковците и браќата во илјадници семејства беа испраќани во првите борбени линии да ги бранат суверенитетот и интегритетот на Македонија, Ковачевски трчал по лекарски уверенија за да докаже дека е трајно неспособен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Очигледно дека антимакедонството и клептоманството се двете доминантни вредносни матрици во СДС.

Ковачевски е недостоен за вршење на функцијата премиер бидејќи и да се работи за лажно лекарско уверение, и да се работи за вистинска трајна неспособност, факт е дека тој не ѝ служел на Македонија кога требало. Еднаш дезертер, секогаш дезертер.

Еднаш лажго, секогаш лажго. А може и двете во еден лик. Доколку е правена интервенција, тогаш се одредува дијагноза ПРИВРЕМЕНО неспособен и се одложува периодот, а во ситуацијата Ковачевски приложил тапија за трајно неспособен.

Ковачевски од 18 години имал можност да го отслужи воениот рок, но синчето на функционер избегнувало за да на крајот, да се прогласи за трајно неспособно. Штом е трајно неспособен, а ние би дополниле и тотално неспособен, тогаш нека има барем грам доблест и нека си поднесе оставка“, порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт