Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме целосен распад на системот, матурата не е спроведена како што треба

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме целосен распад на системот, матурата не е спроведена како што треба

При спроведувањето на матурата и оваа година повторно се потврди неспособноста на државните институции, но и на сите официјални учесници во процесот, за спроведување на обврските, велат од Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Веста дека се пробиени тестовите по англиски јазик треба официјално да ја потврди ДИЦ, и директорката на ДИЦ тврди дека од ДИЦ тестови не се излезени, но излезените скриншотови од договарањата по вибер групите се сигурен доказ дека матурата не е спроведена така како што треба. Според добиените информации, најмалку 7000 средношколци препишувале, односно се договарале“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се зборува дека ситуацијата била слична и на испитот по македонски јазик, додаваат од партијата.

Според нив, сето ова укажува на комплетен распад на системот и драстично менување на вредносниот систем како на учениците, така и на учесниците во процесот на матурата.

Очигледно е дека институциите веќе не се во состојба да си ги извршуваат обврските и потребен им е итен рестарт, се додава.

„Макфакс“ вчера објави дека матуранти, во група на апликацијата „Вибер“ си ги разменувале одговорите на матурскиот тест по англиски јазик, а од Државниот испитен центар кажаа дека тестовите не биле пробиени, туку прашањата биле споделени откога испитот започнал.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити