Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и Максим Димитриевски официјално се „ќердосаа“

Capture 3 1.jpg

Претседателот на партијата ЗНАМ и кандидат во првиот круг од претседателскиот избори, Максим Димитриевски денеска најави дека во вториот круг на изборите ќе даде поддршка за канидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

„Ќе гласам во вториот круг на претседателските избори, нам да ги чкртнам ливчето, а мојата поддршка сигурно нема да ја добие Пендаровски“ рече денеска Димитриевски, со што меѓу редови најави дека ќе ја поддржи Давкова.

Не помина долго време и Силјановска преку објава на социјалните мрежи упати благодарност до Димиттриевски за поддршката во вториот круг.

Со ова полека но сигурно се официјализира најавената коалиција помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, односно народски кажано, двете партии се „ќердосаа“ а во јавноста се појавија и шпекулации дека ЗНАМ на Димитриевски во новата Влада би добила дури четири миистерски позиции од кои една би била од рангот на најважните ресори (како МВР, МТСП или Финансии)

Но дали ваквите најави ќе се остварат и во пракса, ќе зависи од исходот во вториот круг на претседателските избори, но најмногу од распоредот на освоените мандати на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ по парламентарните избори на осми мај.

Можете да прочитате

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје за сторено кривично дело „измама” 

Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници

Костадиновска-Стојчевска по повод 18 Мај: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет