Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ наутро заплашуваат со дестабилизација, попладне гласаат како коалиција

Mickoski Ahmeti 1.jpg

Додека со нивната реторика, уште од предизборите, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ меѓусебно се напѓаат и заплашуваат со дестабилизација, зад сцената нивната соработка продолжува да се продлабочува и да функционираат како коалиција.

Во Собранието беше изгласан и реализиран еден дел од договорите на позадинската коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за формирање на тело за следење на правичната застапеност на заедниците.

Тоа значи дека, ВМРО-ДПМНЕ, која ветуваше укинување на балансерот пред изборите, сега, во соработка со ДУИ, го издигнува балансерот на повисоко ниво, на ниво на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ беа против било каква соработка со ДУИ, но во итна постапка пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го изгласаа предлогот на ДУИ за формирање на собраниска комисија за мониторирање на спроведување на балансерот.

Додека наутро ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски заплашуваат дека ДУИ планира дестабилизација на земјата, попладне, заедно со нив гласаат закони како да се коалиција. Закони кои се спротивни со тоа што ВМРО-ДПМНЕ го ветуваше и промовираше во предизборниот период.

Дали повторно стануваме сведоци на фингираните етнички конфликти и препукувања на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои гарантираат уназадување на државата во секој сегмент? Ваквата тактика функционираше до 2016, кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа во јавна коалиција и се користеше за покривање на криминалот, корупцијата и оправдување за сите погрешни чекори на тогашната влада.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат