Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка истепал граѓанин, МВР да не го крие случајот

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка истепал граѓанин, МВР да не го крие случајот
Ss2

Шокирани сме од информациите кои деновиве кружат помеѓу кривопаланчани, а според кои градоначалникот Сашко Митовски, нешто по полноќ на 14.01.2023 година физички нападнал граѓанин без било каква причина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Дополнително на тоа информациите говорат дека настанот во билтенот на МВР бил заведен како Напад од Н.Н. сторител (непознат сторител) како да сме паднати од Марс, а граѓанинот не знае кој го нападнал. Јавно прашуваме до ОВР ПС Крива Паланка дали ваквите срамни и понижувачки информации се вистинити, имајќи предвид што нападнатото лице е полициски службеник, кој во периодот кога е нападнат од градоначалникот не бил на службена должност?

300x250 (7)

Ги охрабруваме сите присутни на настанот да посведочат за истиот, воедно го охрабруваме и оштетениот во настанот да ја води постапката до крај согласно со Законите во Р. Македонија.

Насилието и теророт врз граѓаните од страна на градоначалникот Сашко Митовски мора да запре, за што јавно го повикуваме, доколку имал храброст да нападне граѓанин, да биде храбар и да се соочи со сите последици кои произлегуваат од настанот, да не се заканува и да бара сведоците на настанот да молчат, да не се заканува на оние кои јавно пишуваат за настанот на социјалните мрежи и да не вовлекува други службени лица од Полициската станица во Крива Паланка да прават кривични дела за што со сигурност по промената на власта на престојните предвремени парламентарни избори ќе одговараат.

Доколку се потврдат ваквите наоди ќе бараме од градоначалникот Сашко Митовски ВЕДНАШ да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, бидејќи функцијата градоначалник не е за да се тепаат граѓаните туку да се работи во нивен интерес. Ова е срам за функцијата градоначалник, Крива Паланка не заслужува силеџија-каубоец за градоначалник“, наведуваат од партијата преку социјалните мрежи.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби