Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“

Vmro.webp.webp

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“ и секој обид со сила да се загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници.

Ваквите инциденти се неприфатливи и претставуваат закана за основните демократски вредности кои треба да се заштитуваат и промовираат.

Слободата на медиумите, правото на информирање и независната новинарска работа се темелни принципи за кои како партија отсекогаш сме се залагале. Без оглед на разликите во ставовите или уредувачките политики, секој медиум мора да работи во средина која гарантира безбедност, достоинство и почитување.

Ја поздравуваме брзата и професионална интервенција на полицијата и очекуваме сите надлежни институции целосно и доследно да ја истераат постапката.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде посветена на заштитата на слободата на изразување и создавањето амбиент во кој јавната дебата може да се одвива без страв и притисок.

Можете да прочитате

СДСМ: Зошто се крие документ за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

МЗШВ: Институциите со координиран и засилен одговор против ширењето на сипаниците кај овците и козите

Емтоивна светска премиера на „Добри луѓе“ На Манчевски на Сараево филм фестивал