
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
Економските мерки и политики преземени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат резултати. Тие ја позиционираа Македонија шеста во светот по привлечени странски инвестиции во однос на БДП.
Ова се потврдува во извештајот Greenfield FDI Performance Index за 2025 година кој го подготвува „ФДИ интелиџенс“ кој е специјален истражувачки оддел на „Фајненшл Тајмс“ на кој се рангирани 105 земји од светот, меѓу кои Македонија го зазеде шестото место.
Извештајот пресметува колку странски инвестиции привлекле земјите во однос на БДП при што се нагласува дека Македонија со помалку од два милиона жители и номинален БДП од околу 16 милијарди долари е пример за земја од Западен Балкан која ги надминува своите можности кога станува збор за привлекување странски директни инвестиции.
Во извештајот се потенцира дека во 2024 година се случија нови големи инвестиции во енергетскиот сектор што би можеле да го продлабочат нејзиниот инвестициски потенцијал во наредните години.
Ова претставува уште една потврда на Влада за овозможување услови, стабилност и предвидливост со цел Македонија да стане најпосакувана дестинација за директните странски вложувања.
Друг податок кој ги потврдува исправните и добро планирани економски мерки и политики на Владата е историското највисоко ниво на странски инвестиции од осамостојувањето кое го имаше минатата година.
2024 година Македонија ја заврши со рекордни над една милијарда и 250 милиони евра директни странски инвестиции.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи макотрпно да работи за секој еден граѓанин, да ја развива економијата и да привлекува инвестиции за Македонија да стане лидер во странските инвестиции по глава на жител.