Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ каде Груби уште членува реагира за Андоновска затоа што спречи криминал во ИЈЗ кој се правел 15 години

Vmro.jpeg

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение од ДУИ:

Криминалците се криминалци, а ДУИ тоа го покажува секој ден, па и во реакцијата кон директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска која отворено се бори против затекнатиот братски криминал на ДУИ и СДС.


Денес тие реагираат против директорката Марија Андоновска која спречи и исправи членови на ДУИ и СДС да седат дома, не одат на работа, а земаат плата.

ДУИ реагира затоа што е ставен крај на криминалот кој се правел во оваа институција, со која 15 години раководел кадар на ДУИ.

Денес криминалците од ДУИ реагираат зошто директорката на Институт за јавно здравје Марија Андоновска го зголеми обемот на работа, ги зајакна протоколите и ги затвори одливите на средства наместо членовите на ДУИ и СДС вдомени во таа институција да се однесуваат недомаќински и криминално.

Денес криминалците од ДУИ реагираат не поради тоа што им е грижа за состојбата со Албанците туку затоа што има вонреден инспекциски надзор и затоа што вработената администрација не полагала административен испит, а законски требала.

Секогаш кога ДУИ реагира јавноста треба да знае дека штити криминал. И секогаш кога ДУИ реагира јавноста треба да знае дека оправдувањето со кое го покрива криминалот е нивната наводна загриженост за правата на Албанците. И кога тие зборуваат за дискриминација на Албанците знаете дека тогаш најмногу крадат. Со други зборови, криминалци се криминалци, лопови прва класа.

За потсетување тоа е партијата каде Артан Груби е сè уште член.

Можете да прочитате

На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДС ќе докажат дека уште го штитат

Работен појадок на Муцунски со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија