Добро е Артан Груби што е свесен дека ќе лежи затвор, дури и тој самиот си ја одреди висината на казната, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно денес на прес-конференција првиот вицепремиер рече: „ако се проневери и еден денар од проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д на „Бехтел и Енка“, ние политичарите да скапеме во доживотен затвор“.
„Груби лаже и затоа растура пердуви.
Кога не би лажел требаше да одговори:
Зошто прифатиле да се суспендира континенталното право и за „Бехтел и Енка“ да важи англосаксонско право?
Зошто дивоградбите и легалните објекти ќе се легализираат по исти цени?
Зошто сите грешки од проектирањето на „Бехтел и Енка“ ќе ги плаќа државата т.е. граѓаните?
Дали Груби и Ковачевски од свој џеб ќе прифатат да ги платат пеналите за обврската која ја преземале за зголемување на часовите на работна недела?“, се наведува во писмената реакција на опозициската партија.