Утрински Весник
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

Vmro.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

За Данела Арсовска сите се криви, само таа не.

Арсовска која милува да зборува за права, обврски и одговорности, сака целосно да се измие себеси од одговорност за состојбите во Градот Скопје и во јавните претпријатија.

Одговорноста за хаосот во Скопје е лично нејзин и на никој друг. За проблемите со јавниот сообраќаен транспорт и за мрзнењето на граѓаните по автобуските постојки, е виновна лично Арсовска, како прв човек на градот.

За нечистотијата низ скопските улици, за неизмиените улици и расфрланиот смет, никој друг, освен Арсовска, не е виновен.

Креаторот и изворот на хаосот и нефункционалноста на Градот Скопје и јавните претпријатија, е единствено Данела Арсовска.

Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне. 

Граѓаните за ништо не и веруваат и тоа и го покажаа на последните парламентарни избори, каде што на цела територија на Македонија одвај освои нешто над 3.000 гласа.

Можете да прочитате

Во Собранието 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир

Почнува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026

Со спектакуларна изведба на „Набуко“, затворени 54. „Мајски оперски вечери“