Утрински Весник
Спорт

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Img 8123.jpeg

Најдобриот стрелец и рекордер по настапи во историјата на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, се наоѓа во Скопје, каде што имаше неформална средба со Масар Омерагиќ, кандидатот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На социјалните мрежи, Пандев сподели фотографија со Омерагиќ, придружена со пораката: „минато, сегашност, иднина“. Пандев и претходно јавно изрази поддршка за кандидатурата на Омерагиќ, нагласувајќи дека е време за промени во македонскиот фудбал.

Собранието на ФФМ, закажано за 22 декември, треба официјално да го назначи Омерагиќ за претседател. Со фигура од светски размери како Горан Пандев на негова страна, очекувањата за промени и напредок во македонскиот фудбал значително растат.

Можете да прочитате

Гречен Велш урна рекорд од 2009 година

ВТА ја избра тенисерката на годината

Завршија рочиштата за судењето на векот – На Сити му се заканува преселба во аматерската лига