Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и јавно обвинителство да отворат случај за аферата „Броило“

(Видео) Ковачевски: Никого нема да оставиме сам, кризата ќе ја пребродиме сите заедно

ДКСК и ЈО да се охрабрат и да отворат случај за Димитар Ковачевски и неговиот кум Паунов кои на сомнителен начин заработиле 26 милиони евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Ковачевски и Паунов злосторнички се здружиле и 5 месеци откако антимакедонската СДС е на власт во 2017та година ја основале Пискел Груп. Во рок од една година Ковачевски и Паунов отвораат фабрика за производство на фотоволтаични панели, а преку државна помош земале 2 милиони евра, додека пак во период кога Ковачевски е заменик министер за финансии, фирмата на кумот на Ковачевски прави договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра.

Аферата „Броило“покажува сериозна спрега помеѓу криминалот и Димитар Ковачевски. Институциите да не го оправдуваат криминалот на Ковачевски и Паунов и веднаш да отворат случај по допрен глас.

Дополнително, истата фирма која е основана од Ковачевски, само 8 месеца по стапување на функциката претседател на Владата влегува во инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово, заедно со ново формирана бугарска фирма, која пак е во висина од 54 милиони евра, а според учеството во уделите, делот кој Пиксел Груп треба да го инвестира е скоро 22 милиони евра“ велат од партијата.

Според опозициската партија, премиерот Ковачевски ја користи функцијата за лично богатење, додека народот осиромашува.

„ И самиот Ковачевски вчера во гостување на национална телевизија призна дека неговата компанија добила државни пари, што е доволен доказ дека тој свесно ја користел позицијата за лично богатење. Токму затоа ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај за Ковачевски и Паунов и да не се ставаат во одбрана на криминалот, во спротивно истите се соучесници во соларниот картел тежок 26 милиони евра.

Со промена на власта и ослободување на институциите ќе следи одговорност“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила