Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Ковачевски има психофизички проблем кој му предизвикал трајна неспособност, може да носи погрешни одлуки

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Ковачевски има психофизички проблем кој му предизвикал трајна неспособност, може да носи погрешни одлуки

„Дезертерот Ковачевски кукавички бега од одговори и одговорност. Тој треба да каже едноставно дали лажел за да избегне служење воен рок, или е точна дијагнозата за негова трајна неспособност“ соопштуваат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата посочуваат дека „дезертерот Ковачевски со самиот факт што даваше контрадикторни изјави за овој скандал, отвори многу сомнежи. Јавноста слушна две верзии за неговото дезертерство, еднаш дека поради школување не служел војска, друг пат дека не служел војска поради хируршки интервенции“.

„Официјалната тапија пак вели дека има лекарско оправдание за трајна неспособност. Оттука доколку е се преставил како трајно неспособен за служење војска ќе треба итно да се испита неговата деловна способност да врши премиерска функција. Се плашиме дека доколку има психофизички проблем кој му предизвикал трајна неспособност, тогаш дезертерот Ковачевски може да донесе некоја погрешна одлука, да потпише погрешен документ или да има проблеми со расудувањето. Стравуваме дека токму трајната неспособност на премиерот е причината за апсолутната неспособност на владата поради која се наоѓаме во невидена енергетска и економска катастрофа. Сето ова ќе се разјасни доколку Судот покрене постапка за утврдување и евентуално одземање на деловната способност“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Приведени двајца скопјани осомничени за кражба на сеф од маркет во Црниче

Мицкоски повикува на национално единство откако претходно се испокара со пола коалициски партнери

Петровска: Нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија