Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДМНЕ: Буџетот за 2025 година претставува развоен концепт и суштинска промена во здравството

Budget.jpg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДМНЕ:

По 7 години урнисана економија од СДС и ДУИ предлог буџетот за 2025 година ги интегрира најсуштинските потреби на граѓаните.

По 7 години отсуство на развоен концепт и стратешко планирање предлог буџетот за 2025 претставува  концепт и суштинска промена во водењето на јавните финансии.

Владата со буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Со буџетот за 2025 година кој е предложен од Владата до Собранието се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за оваа година.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното и инвестира во здравството и подобрување на условите во здравството.

Со буџетот за 2025 година ќе има повеќе средства за набавка на медицинска опрема за потребите на јавните здравствени установи, изградба, реконструкција и доградба на објектите во јавните здравствени установи.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во реконструкции на следните ЈЗУ: Општа болница Кичево, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид и Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје.

Исто така предвидено е да продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.

Со буџетот за 2025 година  се планираат и средства за градежни активности и реконструкции во Здравствен дом Скопје, Kлиниката за психијатрија и други установи.

ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и вложува во суштински реформи и промени во здравството каде пациентите и граѓаните се на прво место.

ВМРО-ДПМНЕ работи на трансформација на здравството во Македонија.

Можете да прочитате

Јавното обвинителство даде насоки на финансиската полиција да ја испита набавката на гориво за ЈСП

Утре (петок) нови обилни врнежи, студен бран, силен ветер и снег на планините, ноќта кон сабота снег и во пониските места!

Месечната кошничката стана прескапа, власта да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 евра, бара СДСМ