Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Расипаната плоча на ДУИ не ја брише одлуката на Груби за казината

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица и една лага. Но, тоа не е вест. Вест би било доколку ДУИ, барем еднаш, ја кажеше вистината.

Денес решиле да ги бројат седниците на Владата. И токму тука си дадоа автогол.

За информирање на јавноста, претставници на ВЛЕН претседавале со седници на Владата. Но, бидејќи инсистирате сите ваши гревови да му ги закачите на Артан Груби, ќе ви наброиме некои од „достигнувањата” што тој ги реализираше во име на ДУИ.

Да, Артан Груби претседавал со седници. Дури претседавал и со седницата на која беше донесена одлуката казината да никнуваат како печурки во секое албанско маало.

Со Груби како „прв вицепремиер”, Александар Онишченко, лице ставено на американската црна листа, доби државјанство, додека Дака Давидовиќ, исто така на американската црна листа, до гуша се вмеша во зделките за Тетово.

Ете за што ѝ служеше на ДУИ оваа функција!

И бидејќи самите ја отворивте темата за „првиот вицепремиер”, одговорете на прашањето што ви го повторуваме со денови:

Дали ќе побарате од Обвинителството да соопшти до каде е стигнат случајот поради кој Артан Груби заврши на американската црна листа?

Можете да прочитате

Регистрирани 15 пожари на отворено – седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола

ЛДП: Заканите кон новинарите се закана за демократијата – институциите мора да реагираат веднаш

МЗ: Обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите