Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Против кого протестираат децата на функционерите на ДУИ, против сопствените родители

Vlen.webp.webp

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Цела јавност веќе сфати дека некои „студенти” влегоа во валканата игра на ДУИ. Овие не ги претставуваат студентите, туку агендата на ДУИ. Ги користат како алатка за да ги вратат во живот Бујар Османи, Блерим Беџети, Талат Џафери и другите фотељаши од ДУИ, кои народот ги избрка на избори.

Овие не се гласот на студентите. Овие се гласот на ДУИ. Политички инструмент на партија што 20 години си тераше луксуз, функции, тендери и агалук, а сега се крие зад младите за преку мала врата да се врати на власт.

20 години ДУИ имаше министри, пратеници, претседател на Собрание, технички премиер, директори и апсолутна власт. А правосудниот испит на албански јазик не го средија никогаш, туку само оставаа пречки и кочници.

Истите тие што молчеа сите овие години, сега ги пуштаат децата на своите функционери по протести. Прашањето е едноставно. Против кого протестираат? Против сопствените родители?

Ова е прочитана и провидна игра, осудена на пропаст уште од старт.

Овој филм нема да им помине. Нема да дозволиме младите да се користат за политички агенди на ДУИ. Правосудниот испит на албански јазик, како и сите прашања што овие фотељаши ги оставија недовршени, ВЛЕН ќе ги реши одговорно.

Времето на политичкиот агалук заврши. Студентите не се ничија сопственост, ниту спасувачки појас за очајните функционери на една распадната партија.

Можете да прочитате

Украдена бронзена биста од гробиштата во Бутел

Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква во Љубљана

Приведени шест возачи, петмина возеле без дозвола