Утрински Весник
Скопје

ВЛЕН: По 50 години, се препородува Старата чаршија, срцето на Чаир

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

По повеќе од 50 години, се започнува историски проект кој ја враќа Старата чаршија во нејзиниот автентичен идентитет и ја воздигнува на ново ниво на развој. Ова е најголемата инвестиција од ваков вид, длабока инфраструктурна интервенција на 1.567 м², со модерни стандарди и долгорочна визија.


Се решаваат подземните проблеми со нов водовод и канализација, се гради модерна електрична и оптичка мрежа, а уличките добиваат нов здив со травертински камен и традиционално осветлување. Оваа инвестиција, вредна околу 29 милиони денари, вклучува и реконструкција на околните улици, третирајќи ја чаршијата како функционална целина. Некогаш, звукот на чеканот беше ритамот на животот во оваа чаршија. Денес, тој звук се заменува со друго ехо, ехото на развојот, инвестициите и враќањето на гордоста на Чаир.

Овој проект го презентираше градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во присуство на првиот заменик-премиер, Беким Сали, докажувајќи дека ВЛЕН е сила на акција и визија за граѓаните. Чаир се развива. Чаршијата се преродува. Ова е голем чекор кон пожива, поекономична и поавтентична иднина, ехо кое ќе остане генерација по генерација.

Можете да прочитате

Шок во Бутел: Дете се сопнало на вреќа со човечки коски на гробиштата

Четири компании во трка за електрични автобуси: Проект вреден 51 милион евра влегува во клучна фаза

Меџити: Започнува трансформацијата на Старата чаршија – инвестиција од околу 29 милиони денари