Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Кога вистинските луѓе водат, културата пишува историја

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

За ВЛЕН, културата не е само уметност, туку вредност што ги обединува граѓаните и го зајакнува идентитетот на општеството. Спектакуларниот концерт на Филхармонијата на Северна Македонија, кој собра илјадници граѓани во Градскиот парк, ја потврди токму оваа моќ на културата да ги зближува луѓето надвор од сите разлики.


Со три оркестри, три хора и повеќе од 200 музичари на сцената, оваа извонредна вечер потврди дека вложувањето во културата, уметноста и талентот е вложување во иднината на државата.

Под раководство на Мустафа Имери, Филхармонијата покажа дека кога на институциите им се дава визија, професионализам и посветеност, тие можат да создаваат настани што ги надминуваат вообичаените културни рамки и стануваат гордост за сите граѓани.

Културата и уметноста заземаат важно место во визијата на ВЛЕН за модерно, европско и развиено општество, каде што талентот се цени, поддржува и промовира како заедничко богатство.

Можете да прочитате

Скопјанец пронајден починат во сопствениот

Десетгодишно дете прегазено одавтомобил во Струга

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ Униформата и изгледот државен авторитет или личен идентитет?