Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: И Билен Салији го остави заглавен правосудниот испит

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

Серијалот на министри за правда од ДУИ не завршува со Блерим Беџети, Аднан Јашари и Валдет Џафери. Сега на ред е Билен Салији, уште еден кадар на ДУИ кој го имаше Министерството за правда во раце, но испитот по правосудство на албански јазик го остави таму каде што го затекна.


Билен Салији не се памети по некоја реформа од која некој виде аир. Не се памети по некоја добиена битка за граѓаните, а уште помалку за албанските студенти. Неговото име се памети по наводната „оставка” по случајот со малиот Алмир, кога Бобан Илиќ им ја разоткри немоќта на овие лажни патриоти.

Таа оставка ДУИ сакаше да ја продаде како морален чин. Но нивниот морал трае колку снег во јули. Салији си замина од Правда, но не и од удобноста. Излезе од една државна врата и влезе низ друга, во МЕПСО.

Тоа е школата на ДУИ. Кога имаа одговорност, ги немаше. Кога имаа функции, беа први во редот. Кога Албанците имаа мака, молчеа. Кога требаше да се најде фотелја за своите, летаа како ракета.
Затоа Билен Салији треба да каже зошто, додека беше министер за правда, правосудниот испит го остави нерешен. Зошто не ја помрдна оваа работа ниту за еден милиметар?

Албанците повеќе немаат потреба од лажен морал. Имаат потреба од решенија, а решението за студентите доаѓа со ВЛЕН.

Можете да прочитате

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК објави дека гробот на неговиот син е ограбен 14 пати

НСДП продолжува да се бори за достоинствено вреднување на трудот и заштита на правата на работниците

Кумановец држел на сила познаник, го тепал и го принудувал да користи дрога и орално да го задоволува