Утрински Весник
Македонија

Левица: Премиерот може да ја менува реториката, но сметката за струја ја кажува вистината

Struja.webp.webp

Соопштение на Левица:

Во 2020 година ВМРО-ДПМНЕ организираше протести против поскапување од 7,4%. Тогаш народот беше ограбен, Регулаторна беше виновна, власта беше неспособна, Беслимовски земаше 120.000 ден плата, а секој денар плус на сметката беше доказ дека системот работи против граѓаните.


Една година подоцна, Мицкоски уште погласно ветуваше како „еминентен” енергетичар ќе обезбеди поевтина струја, модернизација на РЕК Битола и Осломеј, ќе се продолжел нивниот работен век, стабилно производство и пониски сметки.

Потоа дојдоа на власт. И што добивме? Добивме нови најави. Нови модели. Нови „можни поевтинувања”. Нови прес-конференции. Нови празни ветувања што звучат како нешто да се случува, а на крај сметката пак ја плаќа народот.

Во јуни 2024, како мандатар, Мицкоски ветуваше дека од јануари 2025 ќе се намали цената на струјата за домаќинствата и индустријата. Денес сме далеку од тоа ветување. Наместо поевтина струја, граѓаните гледаат ист систем, исти монополи, иста Регулаторна логика и префрлање на товарот од лошите политики врз домаќинствата.

Левица одамна предупредува дека проблемот не е само во една одлука, туку во целиот модел. Енергетиката е поставена така што приватниот снабдувач има сигурна маржа, Регулаторна ги „аминува” трошоците, ЕЛЕМ се турка во долгови, а народот добива сметка како казна што живее во сопствена држава. Затоа, наместо евтин ПР потребни се политички одлуки и конкретни мерки:

1. ЕЛЕМ Продажба да стане постојан законски универзален снабдувач;
2. Реорганизација на ЕЛЕМ и поставување стручни луѓе, не партиски курири;
3. Оптимизација на производниот микс;
4. Повеќетарифен систем со зимски и летен режим, повеќе часовни блокови и сончева тарифа. Цената мора да ја следи реалната побарувачка и реалното производство, а не да биде слепа пресметка на штета на граѓаните;
5. Гасификација на ТЕЦ Неготино. Наместо да стои како скап споменик на неодговорноста, треба да стане флексибилен капацитет за стабилизација на системот и
6. Јавна објава на сите признати трошоци на ЕЛЕМ, ЕВН и РКЕ, народот има право да знае за што плаќа.

Секое одолговлекување на преземање конкретни мерки, ја продолжува голготата на граѓаните со секоја наредна сметка за струја.

Можете да прочитате

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК објави дека гробот на неговиот син е ограбен 14 пати

НСДП продолжува да се бори за достоинствено вреднување на трудот и заштита на правата на работниците

Кумановец држел на сила познаник, го тепал и го принудувал да користи дрога и орално да го задоволува