Утрински Весник
Економија

ВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и сигурност

1000489280.jpg

Соопштение на ВЛЕН:

Северна Македонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа.

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

Енергетската криза во последните години покажа колку скапа може да биде зависноста од еден извор на снабдување. Затоа, отворањето нови патишта за снабдување е од особено значење, како за економијата, така и за енергетската сигурност на земјата.

ВЛЕН ја поздравува работата на Недим Рама и тимот на НОМАГАС. Договорите од ваков обем не се постигнуваат преку ноќ. Зад нив стојат месеци работа, разговори и координација со партнерите од регионот.

Можете да прочитате

Растат и извозот и увозот, најмногу се тргува во земјите од ЕУ

Левица: Додека Мицкоски се фали со економски бум, граѓаните бројат ситно до крајот на месецот

Мицкоски за критиките на опозицијата за јавниот долг: СДСМ покажа непознавање за економијата, освен арамилук друго не им е во политичката матрица