Утрински Весник
Свет

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска

Komarci.webp.webp

Повеќе од 1.000 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил се регистрирани низ цела Европа од почетокот на сезоната на пренесување оваа година, јави ДПА, повикувајќи се на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

До 3 септември, регистрирани се вкупно 1.086 случаи во 15 земји, соопшти агенцијата на ЕУ во своето најново неделно ажурирање.

Бројот нагло се зголеми во изминатите недели. На почетокот на август, регистрирани се нешто повеќе од 240 случаи во седум европски земји.

Италија регистрирала најмногу случаи – 516, по што следуваат Грција со 284 и Шпанија со 88.

Вкупно 144 региони во Европа се погодени, вклучувајќи 62 во Италија, иако европскиот центар предупредува дека податоците „не даваат целосна слика за ширењето“. 

Можете да прочитате

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите