Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Гласот за НАИ е глас за Левица

Vlen 2.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт.

Да не заборавиме која е Левица, партија која: јавно ги навреди Албанците, се изјасни против независно Косово, се спротивставува на членството во НАТО, побара затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците!


И денес, НАИ седи на маса со нив, за валкан изборен договор. Ова не е политика, ова е срамна зделка. Ова не е стратегија, ова е морален колапс.

Сега на секој граѓанин му е јасно: за да го задржат своето фотелја, тие се подготвени да се продадат на секоја сила што ги мрази Албанците.

Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат, на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. Додека ВЛЕН, со својот кандидат Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот свој тим, претставува достоинство, развој и иднина.

Албанците не се пазарат со оние што ги навредиле. Албанците не се продаваат. Тие гласаат за промената што ВРЕДИ!

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен