
Процесот на гласање за локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини на земјата. Според информациите од теренот, процесот беше реализиран без поголеми неправилности, додека мнозинството граѓани го искористија своето право на глас на најдобар можен начин.
ВЛЕН им се заблагодарува на сите граѓани кои денеска учествуваа на гласањето, докажувајќи висока демократска и граѓанска свест. Ова е сликата што ја посакуваме за нашата земја, еден фер и мирен процес, кој покажува дека демократијата се зајакнува и дека граѓаните се свесни за тежината и значењето на нивниот глас.
По еден мирен и демократски ден, очекуваме добри резултати и победи во секоја општина, кои ќе го одразат довербата во нашата визија за развој и работа.
Воедно, очекуваме од Државната изборна комисија фазата на затворање и броење на гласовите да се спроведе со целосна транспарентност, прецизност и професионалност, во согласност со законот.
ВЛЕН останува посветен на фер избори и на почитување на секој глас. Веруваме дека денешниот ден е јасен доказ дека нашите граѓани сакаат стабилност, работа и одговорност, порака што ќе ја прочитаме со понизност и целосна почит кон нивната волја.
Портпарол на Централниот штаб на ВЛЕН
Илка Нуредини и Дритон Сулејмани