Утрински Весник
Економија

Власта да се откаже од криминални тендери и ќе има пари за минимална плата од 600 евра, велат од СДСМ

Simona czvetanoski sdsm 2.jpg

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор

Имајќи ја предвид тешката економска положба на работниците, намалениот животен стандард и барањата на синдикатите, СДСМ поднесе закон за зголемување на минималната плата на 600 евра.

И наместо да ги покачи платите на работниците и да обезбеди пари, ВМРО тргна во медиумски напади врз СДСМ, а потоа и врз синдикатите.

Владата вели за работниците „нема пари”. Но има пари за криминални тендери, има пари да се планира купување нов владин авион и туристички патувања, како оние во Давос, со државни пари.

Затоа веднаш се стави во погон партиската говорница на ВМРО и медиумските кујни под контрола на Орбан.

Секојдневно се напаѓа СДСМ.

Вистината е тешка за власта. СДСМ беше конструктивна, СДСМ поднесе закон неколкупати за покачување на платите, за стандардот на граѓаните, за минималната плата. Власта одби.

ВМРО и Мицкоски си поигруваат со достоинството на работниците. ВМРО тера црна кампања, Мицкоски јавно се шегува, им поставува услови, им дели задачи, им порачува кого „ќе чекал во четврток”.

Ова е ароганција кон оние што едвај врзуваат крај со крај.

Наместо да ги напаѓа работниците и СДСМ, Владата треба да обезбеди пари за поголеми плати.

Доволно е да се откаже од криминалните тендери и ете ги парите.

600 евра минимална плата не е луксуз – тоа е минимум за достоинствен живот.

Можете да прочитате

Занаетчиите се против минимална плата од 600 евра

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

Инфлацијата во Турција продолжува да опаѓа