Утрински Весник
Македонија

Владата предложи прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје, на потег е Собранието

Владата предложи прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје, на потег е Собранието
Dik 300x250 mk

Владата откако го разгледа, го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување.

dobivaj vesti na viber

Од Владата велат дека со донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ќе се овозможи: зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности; спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите; создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност; одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

„Блатото Студенчишта претставува последен глацијален реликтен остаток на блатната вегетација во нашата држава, развиен за време на периодот на плеистоценот и е во загрозена состојба заради присуство на депонија, прекината комуникација со езерото, палење и уништување на блатната вегетација и формирање на обработливи површини“, велат од Владата.

Можете да прочитате

Метеоаларм: Можни се поплави, врнежите продолжуваат

Ана и Игор Дурловски ќе одбележат 25 години оперска кариера со новогодишен концерт во Скопје

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани