Утрински Весник
Економија

ЕСМ од Владата доби 1,1 милијарда денари за да може да купува гас

ЕСМ од Владата доби 1,1 милијарда денари за да може да купува гас

Владата на денешната седница одобри 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

dobivaj vesti na viber

Од владината прес-служба по одлуката инфорормираа дека се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона.

Можете да прочитате

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

Филипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе Закон – 5 денари повеќе за секој килограм грозје

СДСМ: Просечната плата се намали за 1.163 денари, но да зборуваме за убави работи, доаѓа нов авион за Мицкоски