Утрински Весник
Балкан

Владата на Црна Гора и Синдикатот за образование договорија зголемување на платите

Picture 1066 660x500 1.jpg

 Владата на Црна Гора и Синдикатот за образование вечерва договорија зголемување на платите на просветните работници, соопшти црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

– Мислам дека постигнавме решение кое е одржливо и добро за сите. Тоа подразбира правно, системско решение, изјави Спајиќ по средбата во Синдикатот за образование, пренесува Вијести. Тој рече дека просветарите ја прифатиле одлуката според која до 1 јули покачувањето ќе биде 10 проценти.

– Од почетокот на учебната година зголемувањето кумулативно ќе биде 17 проценти, рече Спајиќ.

На средбата присуствуваа министерката за образование, наука и иновации Анѓела Јакшиќ Стојановиќ, државниот секретар во тој ресор Драган Бојовиќ и министерот за финансии Новица Вуковиќ.

Можете да прочитате

БИХ треба да инвестира 6,8 милијарди долари за да се справи со последиците од климатските промени, според Светската банка

Вучиќ: Воопшто не се уплашивме од насилниците, нема да им ја дадеме Србија

Во Србија уапсен двоен убиец од Црна Гора, го барале со недели