Утрински Весник
Македонија

Владата го прифати усогласениот текст на Договорот со ФРОНТЕКС

Владата го прифати усогласениот текст на Договорот со ФРОНТЕКС

Владата на денешната седница го разгледа и усвои и Извештајoт од Министерството за внатрешни работи за извршени преговори со усогласен текст на Договорот меѓу Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС) и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот.

dobivaj vesti na viber

Со потпишувањето на Договорот, според информацијата од МВР, се создаваат неопходните правни предуслови коишто ќе овозможат непосредна соработка меѓу надлежните органи на двете Договорни страни, за ситуации кога членови на тимот на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража имаат извршни овластувања на територијата на Република Северна Македонија, а во контекст на управувањето со миграциските текови и сузбивањето на незаконска миграција и прекуграничен криминал во Република Северна Македонија, соопшти владата по денешната седница.

Можете да прочитате

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Стејт департмент: Закани, насилство и политички притисок врз медиумите во Македонија

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф