Утрински Весник
Македонија

Владата ја разреши ревизорката Верзиволи, на нејзино место именуван е Арбен Рамадан

Vlada 183439.jpg

Афрона Верзиволи е разрешена од вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, соопшти Владата по денешната седница.

На нејзино место именуван е Aрбен Рамадани за в.д. главен ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

„Тој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа“, објави Владата.

Иван Игњатов се именува за в.д. заменик на главниот ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е Доктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.

Разрешувањето на Верзиволи се случи под притисок на јавноста откако стана извесно дека таа нема соодветни квалификации, ниту пак лиценца за ревизор, а претходно работела на шалтер во банка. Коалицијата „Вреди“ на чијшто предлог дојде Верзиволи на оваа позиција, вчера најави дека смената е времена додека таа да го добие сертификатот, за да се запазат строгите критериуми на ЕУ.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа