Утрински Весник
Македонија

„Визер“ укинува летови од Скопје кон три европски дестинации

Screenshot 20241028 143131 Gallery.jpg

Авиокомпанијата „Визер“ укина три авиолинии од скопскиот аеродром, ќе нема летови за Келн, Копенхаген и Стокхолм.

На веб сајтот на авиокомпанијата веќе ги нема овие дестинации и не можат да се купат карти. Засега нема информации дали повторно овие линии ќе бидат пуштени на пролет со летниот ред на летање.

„Визер“ се повлекува од Келн, а за да се надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ги зголеми фреквенциите од Скопје за Дортмунд.

На патниците што летаа за Данска, сега им останува можноста да летаат до соседниот аеродром Малме во Шведска.

Од 29 ноември се укинува и летот Скопје – Сараево кој го одржуваше грчката авио компанија „Ејџијан“ преку нејзината подружница „Олимпик“.

Можете да прочитате

Денеска три астрономски спектакли – ќе бидат видливи и од Македонија

ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА ВО СКОПЈЕ: Западнонилската треска се шири, пет пациенти во тешка состојба

Од утре освежување со пороен дожд, грмежи и локално невреме