Утрински Весник
Македонија

Висок раст на цените во земјоделието – зеленчукот поскапел за 63,3%, а овошјето за 33%

Zelen pazar.jpg
Dik 300x250 mk

За една година, од јули лани до крајот на јули годинава, во земјоделското производство највисоки цени се постигнати кај зеленчукот каде што има пораст од 63,3%, потоа овошјето и грозјето со раст на цената од 33,2% и вината кај кои цената пораснала за 18%, покажуваат податоците на Давниот звод за статистика.

Според овие податоци, цените на житата и оризот се зголемиле само за 2,2%, а на компирот за 7,1% на годишно ниво.


Статистика бележи вкупен годишен раст на цните на растителното земјоделското производство од 39,9%, додека кај добиточната храна тој раст изнесува 6,5%.

Податоците кои денеска ги објави Државнот завод за статистика покажуваат дека на годишно ниво цените во земјоделството во јули бележат зголемување и кај инпутот и кај аутпутот.

Во делот инпут (трошоците во производството и инвестициите) има зголемување на цените од 2,8% кај тековно потрошени средства во земјоделството и од 6,9% кај цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството.

Притоа највисок раст од 39,1% е забешежан кај цените на ветеринарсните услуги, добиточната храна (11,3%) и одржувањето на зградите и опремата (10,9%).

Намалување на цената од 5,7% има кај цената на енергијата, за 1,4% кај средствата за заштита на растенијата, како и кај семињата од 0,3% и кај ѓубривата од 0,6%

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“