Утрински Весник
Македонија

Корупцијата останува „терапија“ во македонското здравство – се бараат пари, подароци, сексуални односи!

Zdravstveni rabotnici 1.jpg

Најновото истражување на здружението ЕСЕ потврдува дека корупцијата е длабоко вкоренета во јавното здравство.

Од 1.200 анкетирани граѓани, на дури 200 им бил побаран поткуп или самите понудиле пари за да добијат здравствена услуга.


Клучните наоди од истражувањето покажуваат дека најчесто се плаќа „под рака“ за специјалистички услуги, болничко лекување и операции, а главните виновници се недостигот на слободни термини и малиот број специјалисти.

Освен во кеш, корупцијата се јавува во форма на поклони, присилно купување лекови од одредени аптеки или препраќање во приватни клиники. Шокантно е што кај три лица бил побаран дури и сексуален однос во замена за услуга.

Граѓаните од руралните средини се поподложни на изнуда. Истражувањето покажува дека мажите здравствени работници почесто бараат мито отколку жените.

Секоја четврта жена поткупила гинеколог за подобра услуга, а секоја петта е подготвена да даде пари за време на бременост или породување.

Проблемот дополнително се усложнува бидејќи граѓаните често го поистоветуваат митото со „знак на благодарност“, што го отежнува откривањето и сузбивањето на оваа појава.

Можете да прочитате

Средба во ЦУК со претставници од САД

Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка