Утрински Весник
Спорт

Винисиус му го „пукнал филмот“ на Тони Крос

Винисиус му го „пукнал филмот“ на Тони Крос
300x250 (7)

Винисиус Жуниор е човек за кој на големо се зборува во светските медиуми. Причината секако се сцените на Местаља каде навивачите на Валенсија го навредуваа на расна основа, а младиот Бразилец доби поддршка од целиот свет. Вини не е многу популарен во Шпанија и наводно доста ги нервира соиграчите во Реал.

dobivaj vesti na viber

Винисиус Жуниор не е омилено лице низ Шпанија. Поради арогантното однесување, често е во конфликт со противничките играчи и навивачите, а се експлодираше претходниот викенд кога навивачите на Валенсија на расна основа го навредуваа од трибините.

Ss1

После тоа, младиот Бразилец доби поддршка од целиот свет. Поддршка доаѓа и од клубот, но како што тврди новинарот Пипи Естрада, меѓу соиграчите од клубот има и луѓе на кои им е преку глава од однесувањето на Бразилецот.

Според него, Тони Крос е прилично незадоволен од тоа што неговиот соиграч постојано е вовлечен во бројни контроверзии и не сака повеќе да се залага за него.

„Соблекувалната е прилично вознемирена поради Винисиус, тоа сите го знаат. Особено е лут Тони Крос, кој веќе нема намера да се „тепа“ поради Винисиус во тепачки кои не можат да се решат“, вели Естрада и додава:

„Тони Крос не е единствениот. Досега Германецот секогаш јавно го бранеше својот соиграч и неговите потези ги оправдуваше со тоа дека сè уште е млад“, вели Естрада.

Новинарот тврди дека односот на Винисусис не им се допаѓа и на поранешните играчи на Реал.

„Играв со ветераните на Реал Мадрид и тие ми рекоа дека лично ќе го испрателе со првиот авион во Бразил, доколку покажел такво непочитување кон соиграчите, судиите и ривалските навивачи во нивната ера“, вели Естрада.

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале